Достапни линкови

Пакистанскиот парламент ги осуди карикатурите на Пророкот Мухамед


Долниот дом на пакистанскиот парламент го осуди објавувањето на карикатурата на Пророкот Мухамед на насловната страница на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо. Во едногласно усвоената резолуција, парламентот ја повикува меѓународната заедница, вклучувајќи ја и ЕУ, „да обезбеди такви работи да не се повторуваат“. Околу 50 пратеници потоа маршираа пред зградата на парламентот.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, пак, оцени дека карикатурата е „сериозна провокација“, велејќи дека „Слободата на печатот не значи слобода за навредување“ на Пророкот Мухамед.

XS
SM
MD
LG