Достапни линкови

Кери: Не треба да има зависност од испораките на енергенси


Ниту една земја не треба да биде зависна од друга земја во енергетските испораки, изјави американскиот државен секретар Џон Кери по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија. САД се подготвени да ѝ помогнат на Бугарија, која донесе тешки одлуки за да ја обезбеди својата иднина, да привлече инвестиции и да создаде план за енергетска иднина на Бугарија, посочи Кери. Во Бугарија ќе испратиме енергетски експерт кој ќе работи со Министерството за енергетика за да им помогне во разработката на таквиот план, информира тој.

Џон Кери и Бојко Борисов ги разгледале и прашањата поврзани со зголемувањето на енергетската безбедност како во Бугарија, така и во цела Европа.

„Многу е важно да се постигне диверзификација на изворите и зголемување на поврзаноста со соседите“, рече Кери.

XS
SM
MD
LG