Достапни линкови

Србија нуди посредништво во украинскиот конфликт


Србија е подготвена да ја изврши улогата на „чесен посредник“ во надминување на украинскиот конфликт, изјави денеска претседателот на ОБСЕ и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на заседанието на Постојаниот совет на ОБСЕ, пренесе ТАСС. Дачиќ изјави дека договорите од Минск и натаму треба да бидат темелот на овој процес. Според него, „создавањето на атмосфера на дијалог и компромис е заедничка одговорност на земјите учеснички во организацијата“.

XS
SM
MD
LG