Достапни линкови

Нови задолжувања на прагот на издржливоста


Додека јавноста се занимава со други теми, државата се задолжува. Економистите велат дека не е важно колку се задолжува, туку за кои цели.

Додека во фокусот на јавноста е законот на високо образование кој вчера беше изгласан во македонското собрание, пратениците по скратена постапка ги изгласаа и предлог законите за изменување и дополнување на законите за задолжување на Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и развој. Конкретните договори се однесуваат за инфрастуктурни проекти.

За што се задолжуваме? Дали да создадеме нови општествени вредности? Дали да создадеме нови капацитети кои ќе придонесуваат во иднина кога ќе треба да ги вратиме тие долгови со камати? Дали тие ќе креираат нова вредност во економијата?.

Професор Биљал Касами вели дека се додека има извори кои ќе и даваат заеми на владата таа ќе го продолжи трендот на задолжувања, а тоа вели тој носи опасност од неможност да се сервисираат старите кредити. Додава дека не е толку важно колкав е процентот на задолжување на нашата земја, туку која е целта на заемите.

„За што се задолжуваме? Дали да создадеме нови општествени вредности? Дали да создадеме нови капацитети кои ќе придонесуваат во иднина кога ќе треба да ги вратиме тие долгови со камати? Дали тие ќе креираат нова вредност во економијата?“, прашува професор Касами.

Анализите покажуваат дека прагот на издржливост на македонската економија и нејзината способност да ги исплати и сервисира долговите на долг рок е некаде на средина меѓу овие две споменати големини и секое надминување на овие параметри може да предизвикаат проблеми.

Професор Зоран Ивановски вели дека се додека јавниот долг во земјава се движи во интервал од 40 до 60 проценти од Бруто домашниот производ нема опасност од трендот на задолжување.

„Анализите покажуваат дека прагот на издржливост на македонската економија и нејзината способност да ги исплати и сервисира долговите на долг рок е некаде на средина меѓу овие две споменати големини и секое надминување на овие параметри може да предизвикаат проблеми за националната економија на долг рок“, вели Ивановски и додава дека задолжувањата секогаш се оправдани кога се работи за квалитетни инвестиции во инфраструктурата и поддршка на развојот на економијата. Можните негативни последици врз економијата доаѓаат тогаш кога нема економски раст, вели Ивановски.

„И доколку станува збор за квалитетна, односно пониска каматна стапка не би требало да има проблем во однос на задолжувањето.“

Имајќи предвид дека досегашното искуство ни кажува дека кредитите се земаат за проекти кои нема да придонесат за зголемување на економскиот раст, неоправдани се натамошните задолжувања, вели Касами.

„Владата и на тој начин ги протуркува во Собранието тие задолжувања, затоа што, затоа што тие подобро од нас знаат за што ќе се земат тие кредити и дека јавноста нема да ги прифати како такви, затоа ќе креираат секакви медиумски спинови за да го свртат вниманието кон други работи.“

Според владините планови објавени во Фискалната стратегија за годинава се вели дека Владата треба да отплати долг од 425 милиони евра што доспева годинава. Од нив 325 милиона се кон странски кредитори, а 100 милиони евра кон домашни. За камати пак годинава државата треба да плати 97 милиони евра. Најголем дел од парите за раздолжување се обезбедија уште минатата година преку задолжување со еврообвзница за 500 милиони евра. Со сите задолжувања и раздолжувања, Владата проценува дека јавниот долг на земјата до крајот на годинава ќе остане на сегашното ниво од 45,5 проценти од БДП. На среден и долг рок, според Фискалната стратегија јавниот долг нема да надмине 60 проценти од БДП, лимит што од 2017 година ќе биде и уставно правило.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG