Достапни линкови

logo-print

Образование, Шарли Ебдо и министерски афери


Законот за високо образование, по некоја министерска афера, загадениот воздух се домашните теми за кои пишуваат медиумите, од надворешните најобработувана е „Шарли Ебдо“.

Реформите во високото образование, по некоја афера меѓу министрите и масакрот во францускиот „Шарли Ебдо“ се темите што ги регистрираат или обработуваат сите домашни печатени медиуми.

Кој се успа за маршот во Париз? Македонија направи голем пропуст со неучеството на маршот на слободата во францускиот главен град која ги обедини сите политики и религии.

Но само Утрински го поставува прашањето: „Кој се успа за маршот во Париз? Македонија направи голем пропуст со неучеството на маршот на слободата во францускиот главен град која ги обедини сите политики и религии - и на кој учествуваа четириесетина европски и светски лидери, а за да биде македонскиот гаф уште поголем, и сите лидери од регионот, а од Кабинетот на претседателот на државата нема логично објаснување, дотолку повеќе што се тврди дека имало силна волја да се присуствува на настанот“, пишува Утрински.

А дома - „Контрашите ја минираа средбата на пленумци со претседателот Иванов“ - насловува Слободен печат. Само Утрински информира: „Пленумци со крст пред Собранието го погребаа високото образование“, додека пратениците го изгласуваа изменетиот и дополнет Закон за високо образование. Утрински информира и дека „Професорскиот пленум бара вето од претседателот Иванов“. Нова Македонија излезе со наслов: „Пратениците на седница, професори и студенти пред Собранието“.

Контрашите ја минираа средбата на пленумци со претседателот Иванов.

А во меѓувреме, во средата, „Цела Македонија се удави во ситна прашина - најзагадено Тетово со осум пати повеќе ПМ-10 честички во воздухот, во некои скопски општини - исто така загадување повисоко од дозволеното“, информира во Екометарот Утрински. И пак во Утрински читаме дека „Вработени во управата за животна средина под истрага за злоупотреба од околу 10 милиони евра“.

Сите печатени медиуми пишуваат дека министерот Ставрески ќе поднесе тужба за клевета против портпаролот на СДСМ, Шилегов, зашто јавно изјавил дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма „Лудвиг Фајфер“ за рехабилитација на канализациската мрежа во Прилеп.

Министерот Јанакиески, пак, ќе го раскинел договор со истата фирма сместена под кирија во неговата куќа во Прилеп. И тој ќе поднесе тужба.

Додека Вечер ја пренесува изјавата на владиката Петар дека МПЦ ќе ја покани Руската црква за медијатор во спорот со СПЦ, Дневник објавува изјава, исто така на владика, ама кој сакал да остане анонимен дека „за преговорите со СПЦ се најзагреани оние кои агитираа за т.н. Нишки договор кој не беше поволен за нашата црква“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG