Достапни линкови

Уапсено лице кое планирало напад врз Конгресот на САД


Американските власти уапсиле човек од Охајо кој планирал напад врз зградата на американскиот Конгрес. Според извештаите агент на Федералното истражно биро ФБИ, го осуетил планот на Кристофер Корнел кој истражувал како се прават бомби, купил огнено оружје и муниција и планирал да патува за Вашингтон. 20 годишниот Корнел кој исто така бил познат и како Рахил Махрус Убаида наводно планирал сам да изврши терористички напад во Конгресот со тоа што ќе ги поставел бомбите во близина на зградата и ќе пукал врз вработените. Тој на интернет постирал видеа и изјави на поддршка за милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG