Достапни линкови

Путин и Мадуро на разговори за цената на нафтата


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва, последна станица на неговата турнеја која има за цел да ги убеди големите произведувачи на нафта да ја намалат продукцијата со цел да се зголеми цената на нафтата. Мадуро во текот на неделава престојуваше во Иран, Саудиска Арабија, Катар и Алжир со цел да добие поддршка за неговата инцијатива. Цената на нафтата која деновиве го достигна најниското ниво во последниве шест години е основа и на руската и на венецуелската економија.

XS
SM
MD
LG