Достапни линкови

САД ослободиле петмина затворници од Гвантанамо


Пентагон соопшти дека петмина јеменски државјани биле ослободени од американскиот затворски центар Гвантанамо на Куба, по над дванаесет години минати во него. Еден од затворениците бил испратен во Естонија, додека четворицата други во Оман. Ова е за прв пат други земји да се согласат да прифатат поранешни затвореници од Гвантанамо. Петтемина биле заробени во Пакистан под сомневање дека биле припадници на Ал Каеда. Американските власти решиле да не ги враќаат во Јемен со оглед на нестабилноста во таа земја. Во Гвантанамо има уште 122 затвореници.

XS
SM
MD
LG