Достапни линкови

Изгласани измените во Законот за високо образование


Професорскиот пленум најави дека вечерва ќе се соберат пред Парламентот за симболично да го погребаат македонското високо образование.

Професорскиот пленум најави дека вечерва ќе се соберат пред Парламентот за симболично да го погребаат македонското високо образование.

Собранието вечерва ги изгласа измените во законот за високо образование со 67 гласови „за“, девет „против“ и ниту еден воздржан. Законот го доби и потребното бадентерово мнозинство, при што 20 пратеници од заедниците гласаа „за“, а петмина беа против.

Владејачкото мнозинство го донесе законот и покрај противењето на студентите и голем дел од професорите, кои најавија дека вечерва ќе се соберат пред Парламентот за симболично да го погребат македонското високо образование.

Професорскиот пленум побара од претседателот Иванов да стави вето на законот.

XS
SM
MD
LG