Достапни линкови

logo-print

Професорскиот пленум бара вето од претседателот Иванов


Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со Професорскиот и Студентски пленум.

Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со Професорскиот и Студентски пленум.

Професорскиот пленум му испрати отворено писмо на претседателот Ѓорге Иванов во кое бараат од него да го потпишува указот за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование, заедно со останатите четири закони од областа на образованието и да ги врати на повторно разгледување во Собранието. Тие го повикуваат претседателот да го искористи демократскиот предизвик и да биде првиот македонски претседател кој ставил „аргументирано вето“, повикувајќи се на Уставот.

„Знаеме дека и покрај евентуалното вето, Собранието со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници може да ве „принуди“ да го ставите потписот покрај оној на Претседателот на Собранието. Но, сакаме да веруваме дека во двоглавата извршна власт Вие ќе настапите самостојно, независно, како некој кој е избран на директни избори, како Некој чиј легитимитет извира од Нас, граѓаните, а не од парламентарното мнозинство“, се наведува во писмото.

XS
SM
MD
LG