Достапни линкови

Протест против поскапувањето на струјата во Киргистан


Неколку стотини луѓе денеска протестираа во градовите Талас и Нарин во Киргистан против поскапувањето на струјата.

Околу 200 луѓе протестираа на централниот стадион во Талас. Протестот поминал без проблеми.

Околу 100 луѓе излегоа на протести во градот Нарин во северен Киргистан. Протестот заврши, откако министерот за енергија Кубаничбек Турдубаев дојде во градот за да ги објасни новите тарифи и да ги слушне поплаките на граѓаните.

Цените на струјата, според новите тарифи, се повисоки за три пати, откако ќе се надмине потрошувачка од 700 киловатчасови во текот на месецот.

Демонстрантите бараат за нив да се направи исклучок од поскапувањата со оглед на тоа што Нарин е во најстудениот регион во Киргистан, а тие се греат на струја и трошат повеќе од 700 киловатчасови месечно.

XS
SM
MD
LG