Достапни линкови

Уапсени двајца полицајци во Турција зашто не спречиле убиство


Познатиот турски новинар со ерменско потекло Хрант Динк.

Познатиот турски новинар со ерменско потекло Хрант Динк.

Турција уапси двајца полицајци затоа што не успеале да го спречат убиството на познатиот новинар Хрант Динк во 2007 година. Полицајците беа уапсени вчера и беа обвинети за небрежност, предизвикување смрт од небрежност и злоупотреба на службена должност. Тие се обвинети дека не постапиле по добиените разузнавачки информации и не го спречиле неговото убиство и затоа што не спровеле ефикасна истрага. Динк, кој беше етнички Ерменец, се залагаше за помирување меѓу Турција и Ерменија. Односите меѓу двете земји се уште се сериозно затегнати, еден век по масовните убиства и депортации на 1,5 милиони Ерменци од страна на Отоманска Турција пред еден век. Динк беше убиен во близина на двојазичниот неделник Агос од тинејџер ултранационалист кој беше осуден на 23 години затвор во 2011 година. Изби голем скандал кога се дозна дека безбедносните служби знаеле дека има заговор за убиство на Динк, но не реагирале. Ова е прв пат некој официјален државен претставник да биде обвинет за убиството на Динк.

XS
SM
MD
LG