Достапни линкови

logo-print

Столтенберг - Русија да не ги поддржува сепаратистите во Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ја повлече поддршката за сепаратистите во источна Украина и да го искористи „целото свое влијание“ да ги поттикне да го почитуваат договорот за прекин на огнот постигнат во Минск на 5 септември. Зборувајќи на денешната заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, Столтенберг рече дека НАТО сака „соработка, а не конфронтација“ со Русија, но дека за подобрување на односите „и Русија мора да го сака тоа“. Тој исто така рече дека неодамнешното напуштање на неврзаниот статус од страна на Украина е „почеток на процес кој може да заврши со барање членство“ во НАТО. Тој рече дека ако Украина побара зачленување во НАТО, прво мора да ги исполни критериумите за членство – постоење на демократско, отворено општество и способност да придонесе за колективната безбедност на Алијансата.

Тој рече дека земјите членки на НАТО се согласиле да ја зголемат соработката против „странските борци“ кои се борат на страна на Исламската држава. Зголемената соработка ќе значи размена на информации кога станува збор за „борбата против заканата поврзана со враќањето на странските борци“. Според набљудувачите, илјадници странски борци на Исламската држава во Ирак и во Сирија се од западноевропските земји.

XS
SM
MD
LG