Достапни линкови

Вучиќ во посета на Косово


Српскиот премиер Александар Вучиќ е во посета на Косово по повод Стара нова година. Вучиќ ги посетува српските енклави, но не се планирани средби со косовскиот државен врв. Неколку стотици Срби го пречекаа Вучиќ, кој денеска дојде на отворањето на породилиште во селото Пасјане. Тој исто така ги посети Штрпце и Грачаница. Околу 120 илјади од околу два милиони жители на Косово се Срби. Српскиот премиер е придружуван и од министрите за одбрана, внатрешни работи, правда и за здравство.

Косовската влада ја одобри посетата, опишувајќи ја како „хуманитарна и верска“. Односите меѓу Белград и Приштина се нормализираа во 2013 година според договорот постигнат со посредство на ЕУ.

XS
SM
MD
LG