Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда од Јемен одговорна за нападот врз Шарли Ебдо


Видео-снимката со командантот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Наср ал-Анси.

Видео-снимката со командантот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Наср ал-Анси.

Ал Каеда на Арапскиот Полуостров со седиште во Јемен ја презеде одговорноста за минатонеделниот напад врз седиштето на францускиот неделник Шарли Ебдо во Париз. Напаѓачите убија голем дел од уредништвото на весникот на 7 јануари, а во наредните два дена полни со терор, бројот на жртви достигна 17 луѓе, пред француската полиција да ги убие тројцата напаѓачи. Во видео-снимката објавена на интернет, командантот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Наср ал-Анси, изјави дека на напаѓачите им била дадена задача да го нападнат магазинот за да го одмаздат пророкот Мухамед. Магазинот постојано добиваше закани поради објавувањето на карикатурите.

Долги редици граѓани денеска чекаат пред трафиките во Франција да го купат новото издание на магазинот, кој на насловната страна објави карикатура на пророкот Мухамед со солза во окото како држи знак на кој пишува „Јас сум Шарли“ и наслов „Сè е простено“.

XS
SM
MD
LG