Достапни линкови

Медведев: рубљата ќе биде стабилна


Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека централната банка ги има сите алатки што им се потребни да ја обезбедат стабилноста на рубљата, која падна на најниско ниво во однос на американскиот долар од средината на декември кога го достигна рекордот, но потоа кратко време се опоравуваше. Еден долар денеска се менува за околу 66 рубљи, а едно евро е околу 77,5 рубљи. На денешниот форум Јегор Гаидар во Москва, Медведев рече дека централната банка нема „да ги изеде“ девизните резерви на земјата.

Централната банка потроши околу 76 милијарди долари за да помогне во одржување на курсот на рубљата, со што девизните резерви за прв пат по 2010 година паднаа под 400 милијарди долари.

Падот на цената на нафтата и западните санкции против Русија поради анексијата на Крим и мешањето во конфликтот во источна Украина ја погодија руската економија. Рубљата минатата година изгуби околу половина од вредноста.

XS
SM
MD
LG