Достапни линкови

logo-print

Мудис - Зголемен ризикот за излез на Грција од еврозоната


Политичката нестабилност и предвремените парламентарни избори во Грција го зголемија ризикот за излез на земјата од еврозоната, се наведува во анализата на меѓународната агенција за кредитен рејтинг Мудис. Агенцијата сепак наведува дека веројатноста Грција да излезе од еврозоната е помала во споредба со 2012 година, кога ризикот беше значително поголем. Мудис посочува дека растечкиот ризик од напуштање на Грција на монетарната унија би можел да има негативни последици и за другите земји-членки на еврозоната, иако ризикот од ефектот на домино е значително помал од претходно.

XS
SM
MD
LG