Достапни линкови

Иран против новата карикатура на пророкот Мухамед во Шарли Ебдо


Иран го осуди објавувањето нова карикатура на пророкот Мухамед на насловната страна на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, оценувајќи дека тоа е „навредливо“ и „провоцирачко“. Насловната страна на првото издание на магазинот по нападот од 7 јануари во кој беа убиени 12 луѓе, го прикажува пророкот Мухамед со солза во окото како држи знак на кој пишува „Јас сум Шарли“ и наслов „Сè е простено“. Магазинот денеска излегува во продажба.

Портпаролот на министерството за надворешни работи во Техеран, Марзиех Афхам, денеска рече дека насловната „ги провоцира емоциите на муслиманите и ги повредува нивните чувства“ и може „да разгори еден маѓепсан круг на екстремизам“.

Египетскиот голем муфтија Шавки Алам оцени дека тоа е „непотребна провокација“ што може да предизвика „нов бран на омраза во француското и во западните општества“.

XS
SM
MD
LG