Достапни линкови

Студентски протести - Собранието „место на злосторот“


Студентите околу Собранието на Македонија поставија црвено-бела лента на која пишува „место на злосторството“.

Владимир Делов од Студентскиот пленум посочи дека Собранието е местото каде ќе биде убиена автономијата на Универзитетот.

Тој ги повика сите граѓани вечер во 19 часот да дојдат пред Собрание, за како што вели, да го погребаат високото образование.

Во меѓувреме, се очекува почетокот на пленарната седница на која треба да бидат изгласани реформите во високото образование.

XS
SM
MD
LG