Достапни линкови

logo-print

Почна студентскиот протест пред Собранието


Студенти се собираат пред Собранието на Македонија на денешниот протест кој е насловен „Пратениците го трчаат почесниот круг“. Тие поставуваат транспаренти, додека на звучници оди рефрен „Ропска Македонија“, дел од македонска народна песна.

Студентите поставуваат црвена лента која треба да го означи финишот на маратонот за лоши реформи во образованието. Црвени маратонски ленти за трчање се симболичен израз на последната трка, односно пленарната седница на која треба да бидат изгласани реформите во високото образование.

Полицијата ја блокираше улицата пред Собранието, како и собранискиот влез од страната на Дом на АРМ со метални барикади.

Претставници и на Студентскиот и на Професорскиот пленум велат дека ако законот биде усвоен, тие ќе започнат поинаков начин на протест, како кампување пред универзитетите и одржување настава на отворено. Се најавува и можна иницијатива до Уставниот суд на Македонија.

XS
SM
MD
LG