Достапни линкови

Цел на ракометарите - пласман во четвртфинале на СП


Ракометна репрезентација на Македонија
Ракометна репрезентација на Македонија

Светското првенство се одржува во Катар од 15 јануари до 1 февруари. Од ракометна репрезентација велат дека ќе го дадат максимумот за постигнување на добар резултат.

Со јасно одредена цел - пласман во четвртфиналето, за обезбедување настап на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио де Жанеиро (во 2016 г.), македонската ракометна репрезентација го очекува утрешниот старт на СП во Катар (15. јануари - 1. февруари).

Нема да биде лесно, но јас верувам во играчите, кои имаат сили и квалитет за исполнување на целта.
Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.

Таму, прво ќе бидеме дел од групата во која за влез во осминафиналето ќе мора да сме најмалку четврти во конкуренција на Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис, Катар и на Иран. Тоа се квалитетни селекции, но и ривали против кои можеме да стигнеме до посакуваното второ или трето место во групата, смета селекторот Ивица Обрван.

Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.
Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.

„Хрватска е еден од четирите фаворити за светски првак, а Иран е аутсајдер, но подготвен да им ги замрси сметките на сите. Со другите четири репрезентации ќе се бориме за преостанатите три места кои водат во наредната рунда, но и за што е можно повисок пласман и полесен противник во осминафиналето. Нема да биде лесно, но јас верувам во играчите, кои имаат сили и квалитет за исполнување на целта“, изјави Обрван.

Едно е сигурно дека ние ќе дадеме 100 проценти. Ќе играме на секој натпревар на победа, со 100 отсто од нашите можности, а дали ќе биде тоа доволно или не за пласман во вториот круг или за квалификациите за Рио, тоа останува да видиме.
Борко Ристовски, голман.

Самодовербата е присутна и кај ракометарите. Тие чувствуваат дека имаат реални шанси за постигнување на најголемиот успех на Мундијалите, но и се свесни дека до него можат да дојдат само со давање на максимумот. Затоа и не дозволуваат да ги зафати еуфорија, а голманот Борко Ристовски, порачува:

„Едно е сигурно дека ние ќе дадеме 100 проценти. Ќе играме на секој натпревар на победа, со 100 отсто од нашите можности, а дали ќе биде тоа доволно или не за пласман во вториот круг или за квалификациите за Рио, тоа останува да видиме. Дека има квалитет, сигурно дека имаме квалитет. Меѓутоа, тоа се треба да се покаже и да се докаже на терен. Треба многу коцки да се поклопат за да бидеме ние успешни на едно големо натпреварување. Така да, мора да останеме сите цврсто на земја, да бидеме свесни за сите оние проблеми кои што ја следеа оваа репрезентација во изминатиот период. Мора да останеме мирни и сконцентрирани и мотивирани, без да се залетуваме со изјави да веруваме во она што го работите и да видиме на крај каде ќе не донесе тоа“, рече Ристовски.

Првиот меч во Доха, Македонија ќе го одигра в петок (16 јануари) со Тунис, наредниот ден противник ќе ни биде Иран, а потоа ќе се соочиме со Босна и Херцеговина (19 јануари), Хрватска (21 јануари) и со Австрија (23 јануари). Доколку се пласираме во осминафиналето, таму по принципот „првиот со четвртиот, вториот со третиот“, ќе вкрстиме со групата во која се светскиот шампион Шпанија, домаќинот Катар, Словенија, Белорусија, Чиле и Бразил.

Инаку, за Македонија ова ќе биде четврто СП, а најдобриот пласман ни е 11-тото место од пред 6 години во Хрватска (во Египет 1999 година бевме 18-ти, а пред две години во Шпанија, 14-ти). Покрај ова имаме и три учества на Европски првенства - Италија (1998 година, 16. место), Србија (2012 година, 5. место) и Данска (20014 година, 10. место).

XS
SM
MD
LG