Достапни линкови

Попоски: Хан ќе се ангажира за отстранување на грчката блокада


Никола Попоски, министер за надворешни работи

Никола Попоски, министер за надворешни работи

Европската комисија нема никаков интерес да продолжи да дава препораки за почеток на преговорите за Македонија во очекување Грција во еден момент да го тргне ветото во Советот на ЕУ. Новиот еврокомесар за преговори за проширување Јоханес Хан со сигурност ќе се обиде да го поттикне интересот кај Грција за отстранување на формалната блокада. Ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА запрашан за очекувањата од ангажманот на новиот еврокомесар за добрососедски односи и преговори за проширување Јоханес Хан кој се очекува овој месец да ја посети Македонија.

XS
SM
MD
LG