Достапни линкови

ЕУ и САД го осудија растечкото насилство во Украина


Европската унија и Соединетите држави го осудија растечкото насилство во источна Украина. Во најкрвавиот инцидент во изминативе неколку месеци, загинаа најмалку 11 луѓе кога автобусот во кој патувале од Доњецк вчера бил погоден со гранати за кои Киев вели дека биле истрелани од територијата на проруските бунтовници. Тие ја отфрлија одговорноста за нападот. Брисел и Вашингтон сметаат дека инцидентот укажува на неопходноста од почитување на примирјето постигнато во минатиот септември во Минск.

XS
SM
MD
LG