Достапни линкови

logo-print

Студентски протест пред Собранието


На денешниот протест кој е насловен „Пратениците го трчаат почесниот круг“ најавено е дека студентите ќе ги пречекаат пратениците пред Собранието на Македонија со црвени маратонски ленти за трчање, како симболичен израз на последната трка, односно пленарната седница на која треба да бидат изгласани реформите во високото образование. Претставници и на Студентскиот и на Професорскиот пленум велат дека ако законот биде усвоен, тие ќе започнат поинаков начин на протест како кампување пред универзитетите и одржување настава на отворено. Се најавува и можна иницијатива до Уставниот суд на Македонија. И професорите и студентите се убедени дека овие реформи длабоко задираат во универзитетската автономија и нивните основни права.

XS
SM
MD
LG