Достапни линкови

Три милиони примероци на новиот број на Шарли Ебдо


Новиот број на Шарли Ебдо денеска излегува во тираж од три милиони примероци, една недела откако канцелариите на овој магазин во Париз беа цел на терористички напад. Тогаш две маскирани вооружени лица убиле 12 луѓе, што беше почеток на тридневниот терор во Париз во кој загинаа уште пет луѓе пред напаѓачите да бидат убиени од француските безбедносни сили. На насловната страница на новиот број на Шарли Ебдо е прикажан Пророкот Мухамед со знак на кој пишува „Јас сум Шарли“ и со порака „Се е простено“.

XS
SM
MD
LG