Достапни линкови

Автобус погоден со ракета во источна Украина, 10 загинати


Украинските власти соопштија дека 10 цивили биле убиени, а 13 ранети кога ракета денеска погоди автобус во источна Украина. Инцидентот се случил на украински контролен пункт во близина на градот Волноваха, 35 километри од Доњецк. Украинската војска соопшти дека автобусот бил погоден со ракета Град испукана од проруските сепаратисти во градот Докучајевск. Сепаратистите негираат дека се одговорни за нападот, велејќи дека владиниот контролен пункт е надвор од дометот на нивната артилерија.

XS
SM
MD
LG