Достапни линкови

СДСМ критикува за намаленото производство на струја


РЕК Битола.

РЕК Битола.

СДСМ денеска обвини дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги реализирала ветувањата во електроенергетскиот сектор и оти како резултат на тоа е намалено домашното производство на електрична енергија, а цената на струјата е зголемена. Атанаско Тунески, член на партиската Комисија за енергетика, рече дека е посебно алармантно намаленото производство на АД ЕЛЕМ од термоенергетските капацитети ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, само во последните три години. Тој праша зошто пропаѓаат домашните производствени капацитети и зошто постојано откажуваат блоковите на РЕК Битола.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека на Атанаско Тунески му се случи пад на системот во времето кога беше директор на МЕПСО, и за што биле експресно разрешен. „Токму тој ја остави Македонија без струја, а енергетскиот систем колабираше, за сега без срам да наоѓа маани на други на кои ни приближно нешто им се има случено“, стои во писмената партиска реакција.

ЕЛЕМ, пак, реагира дека постојните електроцентрали испорачуваат електрична енергија во согласност со потребите на тарифните потрошувачи.

XS
SM
MD
LG