Достапни линкови

Узбекистан не сака во „сојуз сличен на СССР“


Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов изјави дека неговата земја никогаш нема да влезе во каков било „сојуз сличен на СССР“. Во очигледното осврнување кон Русија, Каримов пред пратениците вчера рече дека некои земји се обидуваат „да ја глорифицираат ерата на Ленин и на Сталин во СССР“ и додаде дека Узбекистан нема да го прифати тоа. Тој зборуваше на првата седница на долниот дом на парламентот по изборите што се одржаа минатиот месец. Неговите изјави значат дека Узбекистан ќе остане настрана од новоформираната Евроазиска унија, во која членуваат Русија, Белорусија, Казахстан и Ерменија, а од мај ќе влезе и Киргистан. Каримов е на власт во најголемата според број на жители држава во Централна Азија уште од советско време и е загрижен од напорите на рускиот претседател Владимир Путин за засилување на влијанието на Москва во поранешните советски републики.

Каримов рече дека Узбекистан ќе продолжи со, како што рече, „вистинскиот правец на еволутивен и постепен развој кон демократија“. Неговата влада има низок степен на толеранција кон поинаквото мислење и често е мета на критики за прекршување на човековите права.

XS
SM
MD
LG