Достапни линкови

Ректорот и деканите на УКИМ побараа пилот-проект за државниот испит


Архивска фотографија: Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Архивска фотографија: Министерот за образование Абдулаќим Адеми и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски.

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование.

„Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот-проекти“, стои во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми.

Предлогот произлезе од денешната вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ.

XS
SM
MD
LG