Достапни линкови

logo-print

Египетскиот суд ја поништи затворската казна за Мубарак


Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак.

Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак.

Египетскиот суд ја поништи пресудата против поранешниот претседател, 86-годишниот Хосни Мубарак, за проневера и нареди повторно судење. Мубарак беше осуден на три години затвор во мај, откако беше прогласен виновен за кражба на милиони долари од јавните фондови за негови лични потреби. Судот денеска одлучи дека во судењето имало процедурални пропусти. Одлуката за тоа дали Мубарак да се пушти да се брани од слобода во очекување на новото судење треба да ја донесе обвинителството или судот. Тој во моментов ја издржува затворската казна во воена болница во Каиро.

Во ноември минатата година, судот ги отфрли обвиненијата против него за заговор за убиство на стотици демонстранти за време на немирите во 2011 година, по кои тој беше соборен од власт. Судот исто така отфрли две обвиненија против него за примање мито. Ќе биде повторено и судењето за синовите на Мубарак, Гамал и Ала, кои беа осудени на по четири години затвор.

XS
SM
MD
LG