Достапни линкови

logo-print

Погребани седум од жртвите од терористичките напади во Париз


Погребите на седум од жртвите од минатонеделните терористички напади во Париз беа одржани денеска. Францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз им оддаде почит на тројцата убиени полицајци, велејќи дека Франција „никогаш нема да потклекне“. Тој присуствуваше на погребот на полицајците. Двајца од нив, Франк Бринсоларо и Ахмед Мерабет, беа убиени за време на нападот врз магазинот Шарли Ебдо на 7 јануари, а полицајката Клариса Жан-Филип беше убиена ден подоцна во друг напад.

Четворицата Евреи кои беа убиени во нападот врз супермаркет за кошер храна на 9 јануари денеска беа погребани во Ерусалим. На погребот присуствуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, најави дека вечерва ќе присуствува на јавниот собир во Берлин за поддршка на толеранцијата, за осуда на терористичките напади во Париз и за осуда на анти-исламизмистичкото движење во Германија.

XS
SM
MD
LG