Достапни линкови

Апелација да ја соопшти донесената пресуда за Кежаровски или протести


Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски го повикува Апелацискиот суд до петок да ја соопшти пресудата, која како што веќе информираше судијата Сафет Кадрии, е донесена. Доколку до петок таа не биде соопштена, Иницијативниот одбор упатува јавен повик до сите новинари и граѓаните со своето присуство пред Апелацискиот суд да го искажат незадоволството од одолговлекување на објавувањето на пресудата, со што Кежаровски и неговото семејство се доведуваат во крајно неизвесна ситуација.

Тие сметаат дека Кежаровски е невин и е осуден за текст во кој открива манупулации со заштитен сведок во случајот Ореше.

Одборот посочува дека Кежаровски повеќе од година и половина е во ужасно тешка ситуација – „невино притворен, осуден, без право да излезе од домашниот притвор, без право да работи“.

„Колеги, срамно е да се солидаризираме со ужасниот масакр што се случи врз новинари во Париз, а да молчиме кога наш колега е невин осуден и се држи во притвор“, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG