Достапни линкови

logo-print

Претседателот жали за одбивањето средба меѓу пленумите и контра-пленумот


Претседателот Ѓорге Иванов денеска, по нивно барање, прими претставници на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, односно професорскиот контра-пленум, кој ги поддржува предвидените измени во законот за високо образование.

„Претседателот Иванов уште еднаш изрази загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и изрази жалење што беше одбиена иницијативата за одржување заедничка средба денеска на претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот, кој го повторил ставот дека дијалогот, размената на идеи и иницијативи е единствениот начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование.

Претседателот вчера ги прими претставниците на Професорскиот и на Студентскиот пленум, кои бараат, ако Собранието ги изгласа, претседателот да стави вето на измени во законот за високото образование. Веднаш по најавата за средба, и контра-пленумот побара прием кај претседателот.

XS
SM
MD
LG