Достапни линкови

logo-print

Русија ги зајакнува воените капацитети на Крим, Калининград и на Арктикот


Русија ги објави плановите за зајакнување на воената способност на анектираниот Кримски Полуостров, на Арктикот и на нејзината најзападна територија – ексклавата Калининград. Началникот на генералштабот на руската армија, генерал Валериј Герасимов, денеска изјави дека во 2015 година „Министерството за одбрана ќе ги фокусира своите напори на зголемување на борбените способности на неговите единици и на зголемување на борбената сила во согласност со плановите за воен развој“.

„Посебно внимание ќе биде посветено на групите во Крим, Калининград и на Арктокот“, рече тој.

Сите овие три региони се во фокусот на тензиите или потенцијалното ривалство со САД и НАТО.

Новата воена доктрина на Русија, потпишана од претседателот Владимир Путин во декември минатата година, ја нагласува потребата да се заштитат руските интереси на Арктикот. Како и во претходната доктрина, ширењето на НАТО е идентификувано како закана за руската безбедност.

Калининград се наоѓа меѓу членките на НАТО и ЕУ, Полска и Литванија.

Русија го анектираше Крим од Украина во март минатата година, по што сериозно се затегнаа односите меѓу Москва и Западот, кои дополнително се влошуваат поради руската поддршка за проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG