Достапни линкови

Изразување почит во Пакистан за напаѓачите врз „Шарли Ебдо“


Десетици луѓе во северозападен Пакистан им одадоа почит на браќата Куачи кои го извршија нападот врз францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо во Париз минатата недела.

Шериф и Саид Куачи на 7 јануари го нападнаа магазинот убија 12 луѓе, извикувајќи дека го одмаздуваат пророкот Мухамед, алудирајќи на карикатурите на пророкот што магазинот претходно ги објавуваше. Два дена подоцна тие беа убиени од француската полиција.

Новинската агенција Франс прес објави дека свештеник во градот Пешавар предводел околу 60 луѓе на денешната молитва за браќата Куачи, додека насобраните извикувале „маченици“ и „Смрт за изданијата на Ебдо“.

Утрешната насловна страна на Шарли Ебдо е карикатура на пророкот Мухамед со насолзени очи кој држи знак на кој пишува „Јас сум Шарли“. Насловот е „Сè е простено“.

XS
SM
MD
LG