Достапни линкови

logo-print

Газпром се шири во гасниот сектор на Турција


Илустрација.

Илустрација.

Руската енергетска компанија „Газпром“ до антимонополската комисија го поднесе барањето за стекнување удел во турската трговска компанија „Акфел Газ“, со што ќе стане најголемиот гасен монопол во Турција.

Во август 2012 година „Акфел Газ“ склучи 30-годишен договор за снабдување на Турција гас, почнувајќи од 1 јануари 2013 до 31 декември 2045 година.

Кон крајот на 2014 година, „Газпром“ потпиша меморандум со турскиот државен енергетски оператер „Ботас“ за изградба на гасовод преку Црно Море за Европа, со што ќе ја заобиколи Бугарија и ќе го замени „Јужен тек“.

Соопштено е дека Турција би можела да добие дополнителен попуст за рускиот гас.

Истовремено, Европска комисија ја поддржува изградбата на гасен јазол во Бугарија, по откажувањето од проектот „Јужен тек“. Потпретседателот на Европската комисија за енергетика Марош Шефчовиќ, сепак, напоменува дека пред отворањето на ваков центар во Бугарија е „потребно многу нешта да се направат“.

По откажувањето на Русија од „Јужен тек“, одредени заинтересирани европски земји ја обвинија Бугарија дека под притисок на Вашингтон и Брисел ја „минира“ изградбата на овој проект, при што си нанесе штета во приходите од милијарди евра.

XS
SM
MD
LG