Достапни линкови

logo-print

Рохани ја обвини Саудиска Арабија за падот на цената на нафтата


Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини другите земји-произведувачи на нафта за падот на цените на нафтата на светските берзи, велејќи дека ќе зажалат за нивните потези. Тој ова го кажа денеска во градот Бушер. Цените на нафтата на светските берзи се намалија за околу 60 проценти од јуни минатата година како резултат на зголеменото производство и намалената побарувачка во Европа и во Азија. Најголемиот пад на цените се случи по крајот на ноември кога Саудиска Арабија ги блокира барањата на посиромашните земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) за намалување на производството заради зголемување на цените.

„Ако Иран има проблеми поради падот на цената на нафтата, знајте дека другите земји производители на нафта, како што се Саудиска Арабија и Кувајт, ќе имаат поголеми проблеми од Иран“, рече Рохани.

Според новинската агенција Ројтерс, 90 отсто од буџетските приходи на Саудиска Арабија и 92 отсто на Кувајт во 2013 година биле од продажба на нафта.

Рохани рече дека една третина од буџетот на Иран се базира на продажбата на нафта, а околу 60 отсто од целиот извоз е поврзан со нафта.

XS
SM
MD
LG