Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Западот е лицемерен околу нападите во Париз


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека реакцијата на Западот на нападите во Париз била проследена со исламофобија. „Лицемерноста на Западот е очигледна“, рече Ердоган на прес конференцијата одржана заедно со неговиот гостин палестинскиот претседател Махмуд Абас. Ердоган го критикуваше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој учествуваше на протестите во Париз на 11 овој месец. „Се прашувам што прави таа личност која спроведува државен тероризам со масакрирање на 2 ипол илјади луѓе во Газа“, изјави Ердоган. Според него, нападите во кои загинаа 17 луѓе бил неуспех на француските безбедносни сили со оглед на тоа што осомничените претходно биле претходно осудувани.

XS
SM
MD
LG