Достапни линкови

Извлечена и втората црна кутија на авионот на Еразија


Нуркачите успеале да ја извлечат и втората црна кутија во која се снимени разговорите во пилотската кабина од патничкиот авион на Еразија кој се урна во Јаванско море пред повеќе од две недели. Претходно беше извлечена црната кутија која ги регистрира податоците за летот. Во падот на авионот на релацијата меѓу индонезискиот град Сурабаја и Сингапур загинаа сите 162 патници членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG