Достапни линкови

Во Германија протести за и против Пегида


Околу 100 илјади луѓе се собрале на синоќешните протести во Германија против протестите на антиисламското движење Пегида во Дрезден. Неколку денови по нападите на исламските екстремисти во Париз во кои беа убиени 17 луѓе, приврзаниците на толеранцијата што ги поддржа и канцеларот Ангела Меркел се собраа во Лајпциг, Минхен, Хановер и Берлин. На собирот на организацијата Патриотски европејци против исламизација на Западот Пегида се собраа голем број луѓе кои со црн флор изразија солидарност со жртвите на нападите во Париз. Еден од организаторите изјави дека страшните настани во Париз се доказ дека Пегида била неопходна.

XS
SM
MD
LG