Достапни линкови

Камерон оцени дека коментатор на телевизијата Фокс њуз е тотален идиот


Коментаторот на американската телевизија Фокс њуз Стивен Емерсон се извини и призна дека бил „целосно во заблуда“, откако се соочи со глобално исмевање поради тоа што го нарече британскиот град Бирмингем „целосно муслимански“. При пренесувањето на вестите од терористичките напади во Париз, Емерсон рече: „Во Британија тоа не се само забранети зони. Има цели градови како Бирмингем, кои се целосно муслимански и каде што немуслиманите едноставно не одат“.

Емерсон, кој за себе вели дека е експерт за тероризам, исто така рече дека „делови од Лондон“ имаат „муслиманска верска полиција која тепа и сериозно повредува секого што не се облекува во согласност“ со исламот.

Резултатите од пописот, пак, покажуваат дека околу 80 проценти од 1,1 милиони жители на Биргмингем се немуслимани.

И покрај извинувањето на Емерсон на Твитер, неговите изјави се предмет на потсмев на социјалните мрежи ширум светот.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Емерсон „очигледно е тотален идиот“.

Повеќе од 1.500 луѓе денеска ја потпишаа петицијата Фокс њуз да го емитува извинувањето на својата програма.

XS
SM
MD
LG