Достапни линкови

Претседателот Иванов предложи средба на пленумот и контра-пленумот


Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со Професорскиот и Студентски пленум.

Претседателот Ѓорѓе Иванов на средба со Професорскиот и Студентски пленум.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, по нивно барање, прими претставници на Професорскиот пленум и на Студентскиот пленум, на разговори за предложените измени во законот за високо образование. Во соопштението од Кабинетот на Претседателот се наведува дека се согласиле за неопходноста од спроведување реформи во образованието, како и за потребата од квалитетно високо образование.

„Претставниците на Професорскиот пленум и на Студентскиот пленум ги образложија своите видувања во врска со предложените законски измени во областа на високото образование. Претседателот Иванов рече дека на Република Македонија и е потребна успешна трансформација на високото образование“, се наведува во соопштението.

На средбата претседателот Иванов изразил загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и повика на единство и дијалог, со цел надминување на актуелните состојби.

Тој најави дека утре, по нивно барање, ќе ги прими и претставниците од „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, односно професорскиот контра-пленум.

„Претседателот Иванов предложи да се одржи заедничка средба со претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, се наведува во соопштението.

Студентскиот и Професорскиот пленум се противат на предложените законски измени и бараат, ако Собранието ги изгласа, претседателот да стави вето.

XS
SM
MD
LG