Достапни линкови

Лавров - Терористите од Париз обучувани во Сирија


Браќата Шериф и Саид Куачи.

Браќата Шериф и Саид Куачи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека браќата Шериф и Саид Куачи, кои го извршија нападот врз францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо во Париз минатата недела, се обучувани и се бореле на страна на Исламската држава во Сирија. Браќата беа убиени од француската полиција на 9 јануари, два дена по нападот во кој убија 12 луѓе. Зборувајќи денеска во Москва, Лавров рече дека браќата Куачи „ги научиле терористички вештини во Сирија, каде што патем се бореле на страната на овие кои работеа на каузата поддржана од нашите западни колеги – каузата за соборување на [сирискиот претседател] Башар ал-Асад. Лавров не кажа од каде ја добил оваа информација. Шериф Куачи во 2008 година беше осуден за неговата вклученост во мрежа што испраќала Французи да се борат на страната на Ал Каеда во Ирак. Според француски и јеменски разузнавачки извори, неговиот брат Саид во 2009 година бил во Јемен каде што бил обучуван од Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.

XS
SM
MD
LG