Достапни линкови

Давутоглу побара поддршка од Германија за членство на Турција во ЕУ


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја замоли Германија и натаму да ѝ помага на неговата земја во напорите за членство во ЕУ. Турскиот премиер денеска зборуваше на заедничката прес-конференција во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел. Давутоглу пристигна во својата прва официјална посета на Германија во својство на турски премиер. Тој изрази надеж дека Турција некој ден, исто така, ќе стане членка на ЕУ.

„Тоа ќе биде многу добар одговор за оние кои сакаат да ја разделат Европа“, посочи Давутоглу.

Турција во 2005 година ги почна преговорите за членство во ЕУ, но тие напредуваат многу тешко.

XS
SM
MD
LG