Достапни линкови

Министерска средба за кризата во источна Украина


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на Украина, Русија, Германија и на Франција денеска се среќаваат во Берлин на разговори за конфликтот во Украина.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Москва изјави дека Русија очекува средбата во Берлин „да помогне во стимулирањето на целосно спроведување“ на мировниот договор од Минск потпишан на 5 септември.

Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 јануари телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а ден претходно се сретна со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, кој е можен домаќин на Самит на лидерите на овие четири земји. Меркел му рекла на Путин дека очекува Москва да го искористи своето влијание врз проруските сепаратисти во источна Украина за да се постигне „консензуално решение“. Таа рече дека Самитот нема да се одржи ако не се направи напредок според договорот Минск.

XS
SM
MD
LG