Достапни линкови

Кери во ненајавена посета на Пакистан


Американскиот државен секретар Џон Кери и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Американскиот државен секретар Џон Кери и пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во ненајавена посета на Пакистан на разговори за безбедносна соработка во борбата против милитантите. Кери ќе се сретне со премиерот Наваз Шариф со кого ќе разговара за политички и безбедносни прашања, изјави претставник на пакистанското Министерство за надворешни работи. Пакистан се соочува со огромен предизвик во борбата против милитантите, откако талибанците минатиот месец нападнаа армиско училиште во градот Пешавар при што убија повеќе од 150 луѓе, најголемиот дел од нив деца. Кери во Пакистан дојде од Индија.

XS
SM
MD
LG