Достапни линкови

Меркел ќе учествува на митингот за „отворена и толерантна Германија“


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската влада соопшти дека канцеларката Ангела Меркел и поголемиот дел од министрите ќе учествуваат на утрешниот собир за „отворена и толерантна Германија“, организиран од муслиманските лидери во Берлин по џихадистичките напади во Франција. Владиниот портпарол Георг Стреитер денеска изјави дека Меркел ќе присуствува на настанот кај Брандербуршката капија, заедно со министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и други високи функционери.

Меркел, вчера, заедно со другите светски лидери, учествуваше на Маршот на солидарноста во Париз, по убиството на 17 луѓе од исламистички напаѓачи во градот минатата недела.

Во меѓувреме, германското анти-исламско движење Пегида за денеска најави нови протести во Дрезден и во други градови, овој пат за осуда на нападите во Париз. Поради зголемените тензии, министерот за правда Хеико Маас ја повика Пегида да го откаже настанот, велејќи дека немаа право да поттикнуваат омраза против муслиманите во име на солидарноста со жртвите на тероризмот. Контра-протестите исто така добиваат на интензитет. Во саботата во Дрезден излегоа 35 илјади луѓе на протест против Пегида.

XS
SM
MD
LG