Достапни линкови

Претставен предлогот за нова авганистанска влада


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го соопшти предложениот состав на нова влада по неколкумесечно одложување по спорните избори на кои тој победи. Шефот на неговиот кабинет, Абдул Салам Рахими, ги соопшти имињата на 25 предложени министри на церемонија во Кабул, на која присуствуваше и Гани. Во таканаречената влада на единство има предложено и три жени, кои треба да ги водат ресорите високо образование, информации и култура и женски прашања. Гани и неговиот изборен ривал Абдула Абдула, кој сега ја држи нововостановената функција главен извршен функционер, неколку месеци расправаа за составот на новата влада. Одложувањето ги зголеми стравувањата за тоа дали нивната влада на единство може да опстане, а камоли ефективно да владее.

XS
SM
MD
LG