Достапни линкови

Горивата поевтинуваат до 1,5 денари


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1 до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросуперот БС - 95 поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 60,5 денари за литар, Еуродизелот ќе биде поевтин за 1,5 денари и ќе биде 51 денари за литар, а малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 ќе биде пониска за еден денар и ќе изнесува 62,5 денари за литар. Поевтинувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи.

XS
SM
MD
LG