Достапни линкови

Премиерот Груевски на бизнис форуми во Индија


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски, кој предводи владина делегација во посета на Индија, денеска ќе го посети градот Ченаи, каде што на бизнис форум ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија. Груевски вчера учествуваше и се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит „Вибрант Гуџерат” што до вторник се одржува во индискиот град Ахмадабад. Притоа Груевски се сретна со неговиот индиски колега Нарендра Моди, со државниот секретар на САД, Џон Кери, генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки Мун, како и со повеќе други премиери, министри и извршни директори на компании кои беа присутни на самитот. Македонската владина делегација за време на престојот во Индија ќе ги посета и градовите Калкута и Џајпур.

XS
SM
MD
LG